Дома Фудбал Челси без конкуренција – тие се клубот убедливо најголема загуба во Европа!

Челси без конкуренција – тие се клубот убедливо најголема загуба во Европа!

Европската фудбалска унија (УЕФА) ги објави официјалните финансиски извештаи за сезоната 2024/25. Не изненадува што токму Челси е клубот со најголема загуба.

Во извештајот на УЕФА се истакнати десет клубови кои минатата сезона оствариле најголеми загуби, од кои дури пет се од Англија.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Челси е на врвот на оваа листа со вкупна загуба од 342 милиони фунти!

Тоа претставува рекорд за некој англиски клуб. Сепак, треба да се напомене дека Челси ја заврши сезоната со победа на Светското клупско првенство, што донекаде ја ублажи нивната финансиска состојба со значителна награда.

И покрај тоа, нема да има санкции ни од УЕФА ни од Премиер лигата, бидејќи Челси не го надмина дозволениот лимит за тригодишниот период на пресметка.

Голема загуба забележа и Тотенхем – 124 милиони фунти.

Освен Челси и Тотенхем, на листата со најголеми загуби се наоѓаат и Манчестер Сити, Астон Вила и Нотингем Форест.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Циркус на повидок: ФИФА ги крши правилата, Италија ќе добие шанса за Светското првенство?

ФИФА е под голем притисок, а причината е репрезентацијата на Иран. Поради тековните конфли…