
Фудбалскиот клуб Челси не сака да го откупи Џејдон Санчо, но во тој случај ќе мора да плати на Манчестер Јунајтед.
Како што открија англиските медиуми, Челси и Јунајтед летово склучиле договор според кој лондонскиот клуб има обврска да го откупи Санчо летото 2025 година за 25 милиони фунти, односно околу 30 милиони евра.
Совети од нутриционист: Вистината за исхраната! Што е најдобро за вашето здравје? ↓↓↓
Сепак, доколку Челси се откаже од откупот, тогаш мора да плати на Јунајтед за прекршена клаузула и тоа во износ од пет милиони фунти (шест милиони евра).
Санчо не остави впечаток откако пристигна на „Стамфорд Бриџ“, има шест асистенции на 29 натпревари, а вториот од двата своја гола го даде на 8 декември против Тотенхем.