Дома Фудбал Чеферин: Конференциската лига го подобри фудбалот во Европа, а малите држави имаат придобивки!

Чеферин: Конференциската лига го подобри фудбалот во Европа, а малите држави имаат придобивки!

Претседателот на Европската асоцијација на фудбалски сојузи (УЕФА), Александер Чеферин, најави во вторникот во Сараево дека е задоволен од европските клупски натпревари, истакнувајќи дека Конференциската лига го зајакнала фудбалот во малите држави.

Одговарајќи на новинарски прашања, рече дека е многу задоволен од европското клупско натпреварување, особено од она што произлезе од Конференциската лига, потсетувајќи дека воведувањето на таков формат на натпреварување многумина го критикуваа, а се покажа дека критиките биле неосновани.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


„Истите тие што константно ја критикуваа Конференциската лига, сега критикуваат дека финалето го играме на мал стадион и тоа е знак дека добро работиме“, рече Чеферин, нагласувајќи дека Конференциската лига е многу важна за развојот на фудбалот во малите земји.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Историјата се повторува – ѕвездата на Дортмунд се сели во Баерн

Баерн Минхен бара нов централен дефанзивец, а главна цел на баварците е Нико Шлотербек од …