
Чави Ернандес е еден од сериозните кандидати за клупата на Ал Итехад, но Шпанецот засега нема намера да замине во Саудиска Арабија.
Еден ден претходно се појави информација дека Ал Итехад контактирал со Чави, но денес пристигнува продолжение на приказната. Најверојатно, Чави ја сослушал понудата, но во моментот има поинакви планови за својата кариера.
ТОП 11 МАКЕДОНСКИ ЈАВНИ ЛИЧНОСТИ - *Football Edition*
Интересно, Чави е на пошироката листа на потенцијални замени за Рубен Аморим и би ја прифатил понудата на Манчестер Јунајтед веднаш.
Фабрицио Романо исто така се огласи по ова прашање и потврди дека Ќави нема проблем што Јунајтед не учествува во УЕФА натпреварувања и без двоумење би ја наследил позицијата од Рубен Аморим.
Чави е без работа повеќе од една година, откако кон крајот на минатата сезона ја напушти Барселона. Тој го тренираше својот матичен клуб од ноември 2021 година, и ја освои титулата во сезоната 2022/23, што се смета за еден од најтешките трофеи по големата криза на “Камп Ноу”.
Сепак, во сезоната 2023/24 тој не успеа и не освои ниеден трофеј и на крајот Жоан Лапорта одлучи да го замени со Ханси Флик.
Дали Чави би бил добро решение наместо Аморим во овој момент?