Дома Фудбал Чаби Алонсо: Во Реал Мадрид ќе играат оние што заслужуваат

Чаби Алонсо: Во Реал Мадрид ќе играат оние што заслужуваат

Реал Мадрид со нетрпение се враќа кон натпреварите од Ла Лига, каде е лидер по првите три круга. “Белите” имаат полн актив од 9 поени по победите против Мајорка, Овиедо и Осасуна.

Дали ова е тимот кој сакате да го гледате?
Сè уште сме во процес на развој. Сакаме да менуваме некои нешта. Физички сме подобро, се вклопуваме во нормалната динамика да играме секој трети ден, ни требаат свежи играчи.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Каква е состојбата на Камавинга и Менди?
Опоравувањето на Едуардо тече според планот – исто како и Џуд. Тој веќе може да извршува сè што се бара од него. Наскоро ќе биде во групата, бидејќи има медицинско одобрение да игра. На Ферлан му остануваат уште неколку недели.

Каква е физичката состојба на Бразилците кои исто така не патуваа за репрезентациите?
Винисиус Жуниор не замина поради казна. Едер Милитао се враќа после долга повреда и кога играл, бил на високо ниво. Родриго е сè подобар. Ендрик е многу блиску до целосно опоравување. Си мислам дека следниот пат четворицата нема да останат тука за време на паузата.

Трент и Карвахал… Како планирате да работите со двајцата?
За среќа, имаме здрава конкуренција во тимот. Истото е и на други позиции како во центарот на одбраната или на крилата. Кој заслужува, ќе игра – така ќе биде целата сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Слот се огласи: Искрено зборуваше за Исак и пропаднатиот трансфер на Ливерпул во последните моменти од преодниот рок

Главниот тренер Арне Слот беше во добро расположение на прес-конференцијата пред натпревар…