Дома Фудбал Чаби Алонсо потроши 70.000 евра и на целито свет му покажа за каков господин станува збор

Чаби Алонсо потроши 70.000 евра и на целито свет му покажа за каков господин станува збор

Чаби Алонсо успеа минатата сезона со Баер Леверкузен да ја освои титулата првак на Германија за првпат во историјата на тој клуб, па Шпанецот одлучи на посебен начин да го награди својот стручен штаб и потроши скоро 70.000 евра.

Леверкузен минатата сезона ја воодушеви фудбалската јавност со одличните игри и освојувањето на двојната круна во Германија за првпат во својата историја.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Алонсо успеа да стане првиот тренер кој со Леверкузен ја освои Бундеслигата, а шлаг на тортата беше и освојувањето на трофејот во ДФБ Купот.

Секако, најголемата благодарност за тој потфат припаѓа на играчите на „Апотекарите“, но Алонсо реши на посебен начин да им даде до знаење на своите помошници дека и нивниот труд не помина незабележан.

Германските медиуми пишуваат дека Алонсо решил да го израдува својот стручен штаб со посебни подароци кои беа во изработка неколку месеци, но конечно успеа да ги подели со своите помошници.

„Билд“ пишува дека Алонсо по освојувањето на титулата нарачал реплики на трофејот од Бундеслигата за секој од своите членови на стручен штаб, и пред неколку дена им ги предаде и успеа да ги израдува.

Тоа го потврди и неговиот помошник Марсел Даум кој објави на Инстаграм фотографија од подарокот што го доби и порача: “Фала шефе”.

Исто така, „Билд“ наведува дека Алонсо купил вкупно 11 трофеи и потрошил скоро 70.000 евра.

“Имам реплики од сите трофеи што ги освоив, тие се наоѓаат во мојот дом. Сега го имам и овој трофеј како тренер што е навистина посебно. Сите учествувавме во овој успех и затоа сакав сите да имаат нешто што ќе ги потсетува на тоа”, изјави Алонсо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Реал изненаден од понудата за младиот талент, доволни беа добрите настапи против Сити

Во последниот пресврт на трансфер пазарот, Реал Мадрид стана главна тема благодарение на н…