Дома Фудбал Чаби Алонсо: Понекогаш треба да се направи чекор назад за да се направат два напред

Чаби Алонсо: Понекогаш треба да се направи чекор назад за да се направат два напред

По тешкиот пораз на “Метрополитано” од Атлетико Мадрид во Ла Лига, Реал Мадрид го насочува вниманието кон Лигата на шампионите, каде што гостува кај Кајрат Алмати во Казахстан.

Тренерот на “кралевите” Чаби Алонсо предупреди за опасностите кои ги носи Кајрат: “Ги гледавме натпреварите на Кајрат против Селтик и Спортинг… Имаат добро изградено јадро, напад со различни опции. Знаат добро да комбинираат, играат директно, тоа им е јасно. Треба да се претставиме добро”.

ТОП 11 МАКЕДОНСКИ ЈАВНИ ЛИЧНОСТИ - *Football Edition*


Алонсо се врати и на поразот од Атлетико Мадрид: “Како при победа, така и при пораз, чувствата траат 24 часа. Не само односот, туку и темпото, тактичките аспекти и играта што треба да ги подобриме за да се натпреваруваме подобро. Не се претставивме добро. Направивме анализа и веќе сме во режим на Лига на шампиони во Алмати. Со играчите што ги имаме, ќе имаме опции во зависност од тоа што ни е потребно”.

“Духот е од суштинско значење за изградба на идеја. Ние градиме и подобруваме. Колку време ќе трае? Не знам, но сè уште правиме чекори и за да направиме два чекори напред, можеби треба да направиме еден назад. Сакаме да продолжиме да се подобруваме и да дефинираме кои сакаме да бидеме, и во однос на фудбалот и во однос на личноста на тимот. Ќе можеме да се подобриме во тоа”, заврши тој.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Слот направи потег кој длабоко ги разочара навивачите на Ливерпул

Ливерпул ја очекува натпреварот од второто коло на Лигата на шампионите, а гостуваат во Ис…