Дома Фудбал Чаби Алонсо песимист: “Мораме да бидеме реални…”

Чаби Алонсо песимист: “Мораме да бидеме реални…”

Баер Леверкузен ги изненади своите навивачи во недела, откако одигра само 1:1 против Санкт Паули, тим од долниот дел на табелата. Тоа ги оддалечи од титулата и останува само теорија.

Тренерот на “фармацевтите” Чаби Алонсо смета дека борбата за титулата е решена.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


– Мораме да бидеме реални и да кажеме дека само математички имаме шанси да ја освојиме титулата во Бундеслигата – изјави тренерот на фудбалерите на Баер од Леверкузен Чаби Алонсо, пренесуваат германските медиуми.

Тимот од Леверкузен, четири кола пред крајот на натпреварувањето во Бундеслигата, се наоѓа на второто место на табелата со осум бодови помалку од првопласираниот Баерн од Минхен.

– Се разбира дека трката уште не е завршена, но нашите шанси се навистина минимални. Имавме голем број реми натпревари (10) оваа сезона, тоа не’ уништи. Кога станува збор за порази, ги имаме само два, исто како Баерн. Сепак, не потонавме и не се предадовме, сакаме да победиме во сите натпревари до крајот на сезоната – истакна Алонсо по мечот со Сент Паули.

Тимот од Леверкузен минатата сезона ја освои титулата во Бундеслигата со 28 победи и шест реми натпревари.

Она што е во овој момент прилично интересно се најавите за трансферот на Чаби Алонсо во Реал Мадрид, каде би требало да го замени Карло Анчелоти. Нема никакви официјални потврди, но се шушка дека договорот е блиску…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Meси во необичен трансфер може да се врати во Европа, ќе игра само домашни натпревари?

Лионел Меси наводно дал зелено светло за сензационален трансфер во Галатасарај, кој може д…