
Чаби Алонсо би се согласил да го преземе водството на клупата на Ливерпул на местото на Арне Слот, но само под еден услов.
Станува збор за потребата на Алонсо од три засилувања, и ако му бидат обезбедени, тогаш ќе ја прифати понудата од раководството на Ливерпул, објавуваат шпанските медиуми.
Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст
Арне Слот е под силен притисок на „Енфилд“ откако Ливерпул ремизираше дома против Тотенхем, кој ризикува испаѓање од Премиер лигата.
По мечот, играчите и Слот беа испратени со свирежи од теренот, што никогаш не е пријатно за никого.
Иако го одведе Ливерпул до титулата во Премиер лигата во првата своја сезона, Слот сè уште нема потпишано нов договор со клубот.
Доколку остане тренер и следната сезона, договорот со Ливерпул би му траел помалку од 12 месеци.
Ситуацијата за Слот дополнително се комплицира со тоа што раководството на Ливерпул гледа во правец на Алонсо, кој е без ангажман по разрешувањето од Реал Мадрид.
Алонсо првично беше планиран да го наследи Јирген Клоп во Ливерпул, но тој тогаш одлучи да го преземе Реал Мадрид.
Шпанските медиуми најавуваат дека Алонсо би прифатил, но само ако е целосно уверен во спортскиот план на „Енфилд“ и ако ги добие трите засилувања што ги бара.
Одбраната е главното заботно место за Алонсо поради тоа што Конате нема потпишано нов договор, а Ван Дајк е блиску до крајот на кариерата.
Ливерпул веќе го обезбеди потпишувањето на младиот француски играч Жереми Жакет од Рен, но Алонсо исто така го посакува Алесандро Бастони од Интер.
Во средниот ред е потребно дополнително засилување, а Алексис Мак Алистер е на прагот да замине, додека Алонсо го посакува Адам Вортон од Кристал Палас.
Последниот играч кој Алонсо има намера да го доведе на „Енфилд“ е напаѓачот на Пари Сен Жермен, Бредли Баркола.
Формата на Салах е во надолна линија, а Гакпо сè уште не покажал доволно по заминувањето на Луис Диаз.