
Серхио Бускетс официјално ja објави своето одлука дека ќе ја заврши својата фудбалска кариера по завршувањето на оваа сезона.
37-годишниот фудбалер го помина најголемиот дел од професионалната кариера во тимот на Барселона, со кој девет пати ја освои титулата во Ла Лига, три пати Лигата на шампионите, седум пати Купот на Кралот, три пати Светското клупско првенство и три пати Суперкупот на Европа. Во 2023 година се пресели во Интер Мајами, каде и ќе ја заврши својата кариера.
ТОП 11 МАКЕДОНСКИ ЈАВНИ ЛИЧНОСТИ - *Football Edition*
„Срдечна благодарност до сите и до фудбалот за сè. Звекогаш ќе бидете дел од оваа прекрасна приказна. Чувствувам дека дојде време да се простам од својата кариера како професионален фудбалер. Речиси 20 години уживав во оваа неверојатна приказна, за која отсекогаш сонував. Се повлекувам пресреќен, горд, полн со емоции и најмногу благодарен… Голема благодарност до сите, до скоро“, изјави Бускетс, кој го заврши своето прощално видео со фразата „секој крај е нов почеток“.
Во своето обраќање, Бускетс им се заблагодари последователно на Барселона, шпанската национална репрезентација, Интер Мајами, на сите свои колеги со кои соработувал низ годините и на своето семејство.