Дома Фудбал Бунедија со гол во 94, минутаа го шокираше Арсенал! (Видео)

Бунедија со гол во 94, минутаа го шокираше Арсенал! (Видео)

Фудбалерите на Арсенал денес претрпеа неочекуван пораз против Астон Вила на гости во 15. коло на Премиерлигата, со резултат 2:1, што претставуваше (не)очекуван удар во нивната борба за долгоочекуваната титула.

Натпреварот започна со подобра игра на домаќините, кои ја имаа првата шанса во 10. минута преку Ваткинс, но Реа интервенционираше.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Топџиите возвратија четири минути подоцна преку Сака, но неговиот удар заврши високо над гредата.

Понатаму се гледаше изедначен фудбал, а во таквиот амбиент, домаќините поведоа. Во 36. минута, Кеш го проби голот на Арсенал по слаба реакција на одбраната, и донесе предност од 1:0.

Арсенал можеше бргу да израмни, но ударот на Вајт во 42. минута брилијантно го одбрани Мартинез, и на полувреме се отиде при резултат 1:0 за домаќините.

Во второто полувреме Арсенал беше далеку поофанзивен, а првата шанса ја пропуштија во 50. минута, кога ударот на Тросард оди покрај голот. Само две минути подоцна Арсенал израмни, по извонредна акција, Тросард рутински го надмудри Мартинез за 1:1.

Во продолжение, домаќините подобро се прикажаа, но голема шанса за Арсенал пропушти Одегард. Од околу 20 метра одлично удри во стативите, но аргентинскиот чувар на мрежата, Мартинез, фантастично го одбрани неговиот обид.

До крајот на натпреварот, Астон Вила имаше уште две добри можности, прво преку Мален во 78. минута кога среќата беше на страната на Топџиите, бидејќи Холанѓанецот шутна одблизу покрај голот.

Четири минути подоцна, Маатсен пропушти нова шанса за домаќините.

Следеше голем притисок на Вила во последните минути од натпреварот, и победата на домаќините ја донесе Буендија во 94. минута, што им донесе втор пораз на Топџиите оваа сезона.

Ова беше неочекуван удар за Топџиите, кои останаа на лидерската позиција со 33 поени, три повеќе од второпласираната Астон Вила. Исто така, тука е и Манчестер Сити со 28 поени и еден натпревар помалку.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Анчелоти по жрепката за СП: Ќе биде многу тешко

Бразил на Светското првенство 2026 година доби „тешка група“ во која противниците му се Ма…