
Капитенот на „црвените ѓаволи“ Бруно Фернандеш откри што очекува од клубот за да биде убеден да го продолжи својот престој на „Олд Трафорд“. Португалецот коментираше и за работата на привремениот менаџер Мајкл Карик.
Фернандеш, кој има 31 година, е амблематска фигура за тимот откако пристигна од Спортинг Лисабон во 2020 година. Тој продолжува да биде водечка фигура и оваа сезона, постигнувајќи осум голови и 16 асистенции во една неверојатна индивидуална кампања, додека Јунајтед се бори за пласман во Лигата на шампиони.
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
Овие резултати доаѓаат откако минатото лето Фернандеш беше близу до заминување. На крај, тој одби понуда од саудискиот Ал-Хилал, која ќе му донесеше плата од околу 1 милион фунти неделно, а трансферната сума за клубот изнесуваше 100 милиони фунти. Иднината на 31-годишниот фудбалер останува горлива тема, бидејќи од неговиот договор останува само уште една година, иако Јунајтед има опција за продолжување за уште 12 месеци.
„Им кажувам на луѓето во клубот дека сакам да се борам за трофеи. Секој што доаѓа во Манчестер Јунајтед, сака да освои секој трофеј. Никој не мисли кога доаѓа во клубот дека ќе се бориме за еден или два трофеи за шест години“, рече капитенот. „Сакаш да се бориш за сите можни трофеи. И тоа што го кажувам на луѓето во клубот секогаш кога зборувам со нив, е дека сакам токму тоа. Бидејќи ако сме во борбата, ќе бидам блиску до победата. Ако не сме во борбата, немаме никаква шанса да се приближиме до каков било успех.“
Фернандеш инсистираше дека фактот што Јунајтед не ја освоиле Премиер лигата од 2013 година „не е нормален“ и изјави дека поминало „предолго време“.