Само сме на половина од сезоната во англиската Премиер лига, но според познатата фудбалска аналитичка платформа “Опта” шампионот веќе може да се насети.
Феноменалнa игрa и резултати на Ливерпул под водство на новиот менаџер Арне Слот им донесоа на “црвените” статус на апсолутни фаворити во борбата за трофејот.
ТЈ како "Дедо Мраз": Кој сака да освои 50.000 € ↓↓↓
Клубот од “Енфилд” е лидер на табелата со 45 освоени бодови, шест повеќе, но и натпревар помалку, во однос на првиот следбеник Арсенал, па “Опта” им дава дури 89.9 проценти шанса да станат прваци на Англија.
“Топџиите” според овие прогнози се единствените легитимни предизвикувачи на Мохамед Салах и пријателите, а имаат шанси од 9.5 проценти.
Останатите тимови немаат ни еден процент шанса да бидат шампиони. Трет на листата е Челси со 0.5 проценти, додека актуелниот шампион Манчестер Сити, поради катастрофалните резултати во последно време и големото бодовно заостанување, има само 0.2 проценти.
Интересно, третиот на табелата Нотингем Форест, кој има осум бодови помалку од Ливерпул, со натпревар помалку, според аналитиката на “Опта” нема никаква шанса да направи чудо и сензационално да ја освои титулата на шампион.