Дома Фудбал Бројка од која „боли глава“: Еве колку вреди брендот на Кристијано Роналдо

Бројка од која „боли глава“: Еве колку вреди брендот на Кристијано Роналдо

Според истражувањето на португалскиот Институт за администрација и маркетинг, брендот на португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо достигна рекордна вредност во 2025 година.

Брендот CR7 денес вреди 850 милиони евра, а Роналдо има огромен приход од своите зделки, спонзорства и неверојатно глобално влијание. Феноменалниот Португалец не е само еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, туку е и деловно царство во човечки облик. Додека се приближува до крајот на својата фудбалска кариера, тој се позиционираше за долгорочна финансиска доминација благодарение на комбинацијата на спортска брилијантност, маркетинг и стратегиски деловни одлуки.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Според тековниот договор со Ал Наср, Кристијано заработува околу 200 милиони евра годишно, додека спонзорските договори со гигантите како Што се Nike и Louis Vuitton му носат дополнителни 150 милиони евра. Вистинската моќ лежи во брендот што го создаде, а тоа е CR7.

Во истражувањето се наведува дека вредноста на брендот денес изнесува 850 евра. Првобитно беше поврзан со мода и облека, но се прошири и на други сектори.

Повеќето фанови го препознаваат CR7 како линија облека, долна облека, лежерна облека и чевли, но Роналдо вложува многу пошироко од тоа. Поседува линија парфеми, недвижности, луксузни хотели низ Европа, Азија и Латинска Америка, сопственички удел во германската платформа за трговија со луксузни часовници Chrono24, акции во една од најголемите португалски медиумски компании Medialivre, а исто така е косопственик на водечкиот производител на порцелан и керамика Vista Alegre Atlantis.

Роналдо е феномен на социјалните мрежи и има глобален дострел благодарение на несравнимото присуство на социјалните мрежи, каде што го следат повеќе од милијарда луѓе. Ниту еден спортист не ја достигнал таа бројка. На YouTube го следат повеќе од 74 милиони луѓе, а неговата содржина достигнува до сите делови на светот. Недавното пренесување на турнир во падел на неговиот канал UR Cristiano беше следено во 130 земји.

Годишно за Роналдо се објавуваат околу 22,3 милиони новинарски статии, неговото име се бара 187 милиони пати годишно на Google, и се споменува во повеќе од 4.000 книги продадени на Amazon. Исто така, е предмет на повеќе од 63.000 научни трудови ширум светот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Перез не штеди: Фудбалерите на Реал ги чека богата премија ако направат чудо против Арсенал!

Фудбалерите на Реал Мадрид во среда во 21 часот го дочекуваат Арсенал во реваншот од четвр…