Дома Фудбал Британските медиуми откриваат: Фернандеш ќе биде продаден за 115.000.000 евра!

Британските медиуми откриваат: Фернандеш ќе биде продаден за 115.000.000 евра!

Веќе некое време, судбината на Бруно Фернандеш во Манчестер Јунајтед е несигурна, додека сѐ почесто се шпекулира дека би можел наскоро да го напушти Олд Трафорд.

Во текот на летото, португалскиот играч имаше можност да промени клуб, бидејќи за него сериозно интересирање покажа Ал Хилал. Сепак, Фернандеш одлучи да остане во Манчестер, убеден дека не е вистинскиот момент да ја напушти Англија.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Најверојатно ја донесе одлуката и под влијание на Рубен Аморим, кој го гледа како клучен играч во неговиот систем. Бруно Фернандеш повеќепати изјави дека ќе остане во Јунајтед се додека клубот го смета за потребен, а не само за финансиски приход. Сепак, се чини дека околностите се измениле – британските медиуми сега објавуваат дека е постигнат договор за неговата продажба во Саудиска Арабија.

“Ексклузивно – договорена е продажбата на Бруно Фернандеш! На негово место доаѓаат Балеиба и Елиот Андерсон. Ги откриваме тајните планови на Манчестер Јунајтед на пазарот” – гласи насловот на статијата објавена на порталот “Indykaila News”, која ја потпишува тим од пет искусни новинари.

Според нивните информации, Фернандеш е продаден на Саудиска Арабија за 115 милиони евра, а трансферот би требало да се реализира следното лето. Наводно, сите страни веќе се договорени, и останува само Португалецот да ги усогласи личните услови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Миовски: Натпреварите против Белгија и Казахстан се едни од најважните во историјата на Македонија

Македонската фудбалска репрезентација во наредниот период ја очекуваат два клучни предизви…