Дома Фудбал Бразилците беа силни пред натпреварот, Меси дочека да им одговори: Ние зборуваме на терен!

Бразилците беа силни пред натпреварот, Меси дочека да им одговори: Ние зборуваме на терен!

Натпреварот помеѓу Аргентина и Бразил 4-1 во јужноамериканските квалификации за Светското првенство беше обележан со меѓусебни конфликти и препукувања на теренот. Сè започна уште пред натпреварот со изјава на Рафиња, ѕвездата на Бразил и Барселона, кој рече дека ќе ги “разбијат Аргентинците и на теренот и надвор од него, ако е потребно”.

Аргентинците му замерија на тоа, па го провоцираа за време на натпреварот, а особено потоа, поради што тој полуде и сакаше физички да се пресмета со нив. За време на натпреварот се навредуваа Родриго и Леандро Паредес, а во провоцирањето на Бразилците предничеше Емилијано Мартинез, кој во еден момент, при водство од 4:1, почна да жонглира со топката во својот шеснаесетник.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


За хаотичниот натпревар сега се огласи и Лионел Меси, кој го пропушти ова репрезентативно собирање поради повреда. “Дома, надвор, каде било со оваа репрезентација… Секогаш зборуваме преку фудбалот и на теренот. Честитки за одличниот натпревар што го одигравте синоќа, како и за победата над Уругвај”, напиша Меси на Инстаграм

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Неодамна беше сопственик на гигант, сега банкротира

Основачот на Suning групацијата, Жанг Ѕиндунг, беше сопственик на Интер од 2018 до 2024 го…