Дома Фудбал Бразил има чудо од голман: Одбрани шест пенали во два натпревари!

Бразил има чудо од голман: Одбрани шест пенали во два натпревари!

Младиот голман на Сантос, Жоао Педро, се истакна на голот на Бразил на Светското првенство за фудбалери до 17 години, кое се одржува во Катар.

Младите бразилски фудбалери четири пати биле светски прваци во оваа категорија, но и покрај тоа што го освоија првото место во својата група, во нокаут фазата наидоа на сериозни предизвици за да стигнат до следната рунда на натпреварувањето.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


Прво, во осминафиналето против Парагвај (1:1), а потоа и во четвртфиналето против Франција (1:1), Бразилците мораа да играат продолженија и на крајот да поминат понатаму благодарение на подоброто изведување пенали.

Токму поради одличните одбрана на голманот, Жоао Педро, тие успеаја. Овој талентиран млад чувар на мрежата, роден на 18 март 2008 година, прво против Парагвај одбрани три пенали, а истото го повтори и против Франција.

Жоао Педро успеа вкупно шест пати да ја зачува својата мрежа и да му помогне на тимот да се пласира во четвртфиналето, каде што младите бразилски фудбалери ќе се соочат со своите врсници од Мароко.

Во Катар и ќе трае до 27 ноември кога ќе се одигра финалето. Титулата ја брани Германија, која пред две години во Индонезија беше подобра од Франција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Која е најмалата држава во светот која се пласираше на Светското првенство и како се живее таму?

Клучен момент за Курасао се случи во 2015 година кога како селектор беше назначен легендар…