Дома Останати Тенис Браво: Ѓорческа ќе игра финале во Србија!

Браво: Ѓорческа ќе игра финале во Србија!

Лина Ѓорческа продолжува со одличните настапи, најдобрата македонска тенисерка се избори за место во финалето на ИТФ турнирот во Куршумлиска Бања, по драматична победа над Русинката Дарја Асткова со 2-1 во сетови (2-6, 6-2, 6-4), во меч што траеше два часа и 23 минути.

Иако Ѓорческа го отвори дуелот со брејк, противничката брзо возврати и со посигурна игра го освои првиот сет. Сепак, Лина не се предаде и во вториот сет таа беше апсолутно доминантна и со ист резултат, 6-2, успеа да израмни.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Решавачкиот сет понуди најмногу неизвесност. Нашата тенисерка повторно прва дојде до брејк, Асткова се врати, но клучниот момент се случи во седмиот гем, кога Ѓорческа повторно го одзеде сервисот и го задржа водството до крај за конечна победа од 6-4.

Во финалето, Лина ќе игра против подобрата од дуелот меѓу првата носителка на турнирот, Романката Булгару, и Бугарката Глушкова.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

На Синер му недостигаат четири пехари за да направи нешто што Надал и Федерер не успеаја

Само Новак Ѓоковиќ успеа еднаш да го направи она што Јаник Синер го направи оваа година: д…