Дома Фудбал Братот на Погба ќе заврши зад решетки поради изнуда!

Братот на Погба ќе заврши зад решетки поради изнуда!

Шест лица, меѓу кои и братот на поранешниот француски репрезентативец Пол Погба (31), Матиас Погба, се осудени на затворски казни од три до осум години, поради нивната вина за обид за изнуда. Уште во текот на 2022 година, Пол Погба изјави дека е мета на обид за изнуда и закани од организирана банда негови пријатели од детството, чиј член е и неговиот брат.

Тогаш, Погба му кажа на обвинителство дека на таа група им платил 100.000 евра. Матиас Погба е осуден на три години затвор, од кои две условно, откако беше прогласен за виновен за организирана изнуда и обид за изнуда.

Квалификации за ЕП во ракомет: Македонија спремна, Словенија може да падне! ↓↓↓


Со него исто така на осум години затвор е осуден Рушдане К., Бубакар С. е казнет со четири години затвор, од кои две условно, Мачикур К. е казнет со четири години, од кои три условно, Мамаду М. на пет години, од кои една условно, додека Адама Ц. е казнет со пет години затвор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Слот пред ПСЖ: Никој не одигра така против нас ова сезона

Менаџерот на Ливерпул Арне Слот изрази признание за Пари Сен Жермен за одличната игра, но …