Дома Фудбал Бове можеби никогаш повторно нема да може да игра во Италија?

Бове можеби никогаш повторно нема да може да игра во Италија?

Едуард Бове кој колабираше во натпреварот можеби никогаш повеќе нема да игра професионално фудбал, пренесуваат медиумите

Бове во моментов е сè уште во болница во свесна состојба каде што се прават дополнителни тестови за да се утврди што точно му се случило. Да потсетиме, тој се сруши на теренот во 17. минута од натпреварот помеѓу Фјорентина и Интер.


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


Ако резултатите покажат дека срцев удар е предизвикан од неправилна форма на срцето, ќе му биде имплантиран кардиовертер дефибрилатор, а со оглед на тоа што во Италија е забрането да се занимаваат со спорт лица на кои им се поставени модификации на срцето, Бове би можел да ја заврши кариерата во Серија А.

Една од опциите за Бове сепак може да биде да се пресели од Италија, доколку сè биде како што треба. Нешто слично направи Кристијан Ериксен кој имаше слични проблеми, па кариерата ја продолжи во Англија, односно Манчестер јунајтед.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Познат терминот за Мундијалот за жени во 2027 година

Бразил во мај ја победи заедничката кандидатура на Германија, Белгија и Холандија за домаќ…