Дома Фудбал Босанец трогнал италијански новинар: Направил среќен да си замине и покрај елиминацијата!

Босанец трогнал италијански новинар: Направил среќен да си замине и покрај елиминацијата!

Италијанскиот спортски новинар Танкерди Палмери на платформата X ја раскажа гостопримливоста која ја доживеа во Зеница, истакнувајќи го примерот на еден 60-годишен човек кој ја платил нивната сметка во ресторан, по што му кажал “Италија, Италија, сè е во ред”.

Палмери вели дека за време на појадокот во Зеница, пред враќањето во Италија, доживеал искуство кое долго ќе го памети.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


“Морам да ви кажам што се случи. Појадувам во ресторан со колега пред да тргнеме на аеродром. Опкружувањето е тивко, ден по забавата. Завршивме и пред да станеме да платиме, одеднаш се појави 60-годишен човек, брзо ја зеде нашата сметка и се упати кон шанкот. Прво не разбрав, мислев дека се шегува со нас. Потоа почна да зборува со келнерката и извади купче пари додека таа се насмевнуваше. Го прашав: “Што? Што правиш?”. Тој се насмевнува, мавнува со главата и продолжува да плаќа, кажувајќи нешто на босански, а потоа “Не не не”. Му реков: “Зошто? Но, зошто?”. Тој намигнува “Во ред, во ред” додека сите келнерки се насмевнуваат. Пак му велам: “Не е потребно. Не е потребно”. Потоа дојдовм до него и се прегрнавме и тапнавме по рамената. Додека си одеше, го прашав: “Но кажи ми го твоето име”. А тој ми вели: “Италија, Италија, се е во ред” и си замина”, напиша Палмери.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Распад-систем: Челси ја претрпе најголема загуба во англиската фудбалска историја

Лондонскиот фудбалски клуб Челси откри дека претрпе загуба од 262,4 милиони фунти (или 300…