Норвешкиот ракометар Сандер Сагосен го напушта Колстад и во текот на сезоната ќе игра за Алборг. Според пишувањата на скандинавските медиуми, 29-годишниот среден бек би можел да дебитира за својот нов клуб веќе овој викенд на Финал Фор купот во Данска.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Сагосен се врати во Колстад, клубот каде ја започна својата кариерата во 2012 година, во 2023 година. Во меѓувреме, играше за Халсум, Алборг, ПСЖ и Кил, стана еден од најдобрите ракометари во светот и еден од најплатените. Враќањето во татковината требаше да биде поттик за норвешките прваци за нов европски успех, но работите не тргнаа во посакуваната насока и сега доаѓа до пресврт во приказната.
Како што објавуваат данските и шведските медиуми, Алборг одлучил да реагира по повредата на Лукас Нилсон и сомневањето за допинг на Португалецот Мигел Мартинс и да го откупи Сагосен, кој за клубот играше од 2014 до 2017 година.