Дома Фудбал Бомба од НБА: Манчестер Јунајтед даде зелено светло, но тоа не е сè!

Бомба од НБА: Манчестер Јунајтед даде зелено светло, но тоа не е сè!

Големиот европски фудбалски клуб наводно се согласи да учествува во европскиот проект на НБА лигата, а на него ќе му прави друштво и тим од Рим, изјави претседателот на италијанската кошарка, Џани Петручи.

Подружницата на најсилната лига на светот на стариот континент постепено добива форма, а најновите вести пристигнуваат од Италија. Претседателот на Кошаркарскиот сојуз на Италија потврди дека еден од учесниците во новото натпреварување ќе биде клуб од Рим и дека „црвените ѓаволи“ прифатиле примамлива понуда.

„Без вино, животот би бил…“ – искрен разговор со енологот Теодор Бојаџиев


„Ако Манчестер Јунајтед, клубот со најмногу навивачи во светот, кажа ‘да’ за оваа идеја… тогаш мора да постои причина, нели? Тоа е нова лига која ќе биде добредојдена за системот, ќе донесува многу приходи и забава. Со договорот се предвидува учесниците да играат во своите домашни првенства. А тимот од Рим? Секако. Постојат опции поврзани со многу богат бизнисмен“, изјави Петручи за Кориере дело Спорт.

Новата кошаркарска поставеност на стариот континент се очекува да започне во сезоната 2027/2028, кога НБА Европа планира своето прво издание. Некои клубови од Евролигата сè уште разгледуваат премин во новото натпреварување кое се заканува да го наруши монополот на елитната карван во која моментално учествуваат.

Главната дилема е финансиската – можни поголеми приходи кои новото натпреварување би можело да ги донесе. Познато е дека практично сите членови на Евролигата се соочуваат со значајни финансиски загуби поради скромните награди кои лигата моментално ги нуди.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Готово: Зидан дочека, познато каде и кога ќе биде неговиот нов ангажман!

Зинедин Зидан ќе го преземе кормилото на националниот тим на Франција по Светското првенст…