Дома Останати Кошарка „Бомба“ на повидок од НБА: Јанис ќе го менува клубот?!

„Бомба“ на повидок од НБА: Јанис ќе го менува клубот?!

Изгледа дека времето на Јанис Антетокумпо во Милвоки Бакс постепено се ближи кон својот крај, доколку веќе не е завршено.

Антетокумпо заедно со неговиот менаџер Алекс Сарацис ги информирале Милвоки Бакс дека Гркот е незадоволен и има намера да го напушти клубот.

Екранизација, задоцнет развој, аутизам, инклузија – што треба да знаат родителите


Сепак, оваа одлука сè уште не е конечна, што укажува дека Јанис оставил простор за разговори со раководството на клубот.

Според објавата на познатиот НБА аналитичар Шамс Чарани, конечната одлука на Јанис ќе биде соопштена во наредните неколку недели.

Оваа сезона, Јанис има просек од 30,8 поени, 10,7 скока и 6,4 асистенции со учинок од 63,9 проценти од шутот, но тимот е само на десеттото место со сооднос 10-13.

Штом веста беше објавена, половина од тимовите во НБА веќе почнаа да подготвуваат понуди за неговата размена.

Многу тимови сакаат да го видат Јанис во нивните редови, а најдобрите понуди моментално можат да ги направат Лос Анџелес Лејкерс и Њујорк Никс.

Но, прво треба Јанис официјално да објави дека заминува од клубот, што се очекува да се случи во претстојните недели.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

„Скратете ги ноктите“: Јокиќ изгледаше како да се борел со ѕверови (Фото)

Србинот ги завршува натпреварите изгребан, со модрици, но тоа не го спречува да продолжи д…