Дома Фудбал „Бомба“: Мурињо може да се врати во Премиер лигата

„Бомба“: Мурињо може да се врати во Премиер лигата

Жозе Мурињо е еден од кандидатите што може да го замени Нуно Еспирито Санто како менаџер на Нотингем.

Поранешниот тренер на Вулверхемптон и Тотенхем би можел да биде отпуштен, иако неговиот тим се претстави одлично минатата сезона. Специјалистот вчера призна дека неговите односи со сопственикот на клубот, Евангелос Маринакис, не се добри и имаат несогласувања.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Од Форест негираа дека ќе се разделат со Еспирито Санто, но нема да биде изненадување ако тоа се случи. Според „Сан“, Жозе Мурињо е едно од имињата кои се разгледуваат од раководството на Нотингем. Друг можен избор е Анге Постекоглу, кој беше отпуштен од Тотенхем по завршувањето на минатата сезона. Во списокот се наоѓа и менаџерот на Селтик, Брендан Роџерс.

Се очекува Еспирито Санто да го води Нотингем во недела, кога неговиот тим ќе се соочи со Кристал Палас, но неговата иднина во клубот воопшто не е сигурна. Според англиските медиуми, тренерот има проблем не само со сопственикот, туку и со спортскиот директор Еду, бидејќи имаат разлики во однос на селекцијата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Њукасл спремен да го пушти Исак во Ливерпул

Bританските медиуми во петокот објавија дека раководството на Њукасл очекува нова понуда о…