Дома Фудбал „Бомба“: Барселона го купува Хари Кејн

„Бомба“: Барселона го купува Хари Кејн

Британски „Гардијан“ лансираше вистинска „бомба“ и пренесува дека капитенот на Англија, Хари Кејн, ќе се пресели во Барселона.

Според информациите на лондонскиот медиум, претседателот на Барселона, Џоан Лапорта, е подготвен да ја активира откупната клаузула од 65 милиони евра и да го доведе голгетерот од Минхен.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Англичанецот во Минхен пристигна пред две години за 100 милиони евра, а договорот му трае до 2027 година. Меѓутоа, според „Гардијан“, по завршувањето на оваа сезона Кејн сака нов предизвик и игра во ново фудбалско опкружување.

Кејн има 32 години и Барселона сака со овој трансфер да ја повтори операцијата како Левандовски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Премиер лигата го казни Челси, виновник е Абрамович!

Англискиот фудбалски гигант Челси доби казна од 12,3 милиони евра од страна на Премиер лиг…