
Напаѓачот Феран Торес е уште еден во низата фудбалери кои поради нелагодност го напуштија кампот на репрезентацијата на Шпанија.
По Дани Олмо, денес беше потврдено дека и Феран Торес се враќа во Барселона каде ќе се опоравува од полесна повреда. Повредата не е сериозна, но не е познато дали Ханси Флик ќе ризикува со него во саботниот дерби со Жирона, пред “Ел класико”.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Надвор од игра се Рафиња, Фермин Лопез, Дани Олмо, Ламин Јамал, додека на подолготрајни повреди се Пабло Гави и Марк Андре Тер-Штеген, така што Ханси Флик е соочен со нови проблеми.
Оно што е сигурно, Олмо нема да биде подготвен за “Ел класико”, ќе се врати на почетокот од ноември, додека се очекува дека до гостувањето во Мадрид ќе се опорават Јамал, Рафиња и Фермин Лопез, како и Феран Торес.
Барса ја пречекува Жирона во сабота во 16:15 часот, во истиот термин гостува и Реал на 26 октомври, а помеѓу тоа ја пречекува Олимпијакос, на 21 октомври од 18:45 часот.