
Долгогодишниот познаник и пријател на Михаел Шумахер, Ричард Хопкинс, изрази тажни, но искрени зборови за легендарниот седумкратен првак, за кој верува дека повеќе никогаш нема да се појави во јавноста.
По тешката скијачка несреќа во декември 2013 година, при која Шумахер се здоби со сериозни повреди на главата и беше ставен во медицински индуцирана кома, целосно се повлече од јавниот живот. За него во нивниот дом покрај Женевското Езеро се грижи неговата сопруга Корина и избран тим на медицински експерти, а информациите за неговата состојба остануваат строго чувани.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Хопкинс, поранешен раководител на операции во Ред Бул и долгогодишен член на Мекларен, изјави за SPORTbible дека мисли дека никогаш повеќе нема да го видиме Михаел.
“Во последно време немам слушнато ништо. Според моите информации, има личен доктор од Финска. Не верувам дека ќе го видиме повторно Михаел. Чувствувам непријатност да зборувам за неговото здравје, бидејќи семејството со право бара целосна приватност”, изјави Хопкинс.
Тој додаде дека само “мала, затворена група на луѓе” има пристап до Шумахер, а меѓу нив се Жан Тод, Рос Браун и Герхард Бергер.