Дома Фудбал Бизарно: Роналдо ќе проушти натпревар на Ал Наср поради закон за „прељуба“

Бизарно: Роналдо ќе проушти натпревар на Ал Наср поради закон за „прељуба“

Кристијано Роналдо не се најде во тимот на Ал Наср кој патува во Иран за осминафиналето на Азиската лига на шампиони против Естеглал.

Еден од најдобрите фудбалери во историјата веќе беше во посета на Иран во септември 2023 година, кога со Ал-Наср излезе на мегдан со Персеполис и тогаш ја прегрна и бакна на челото иранската уметничка Фатемех Хамами Насрабади, жена чие тело е 85 проценти парализирано.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Во Иран ваквиот чин се смета за прељуба, бидејќи контакти од овој тип според шеријатскиот закон се дозволени само ако се наменети за сопружници.

Клубот кој го води Стефано Пиоли прво побара натпреварот да се игра на неутрален терен за да се гарантира безбедноста на нивната прва виолина, но тимот чиј тренер е Миодраг Божовиќ го отфрли нивното барање.

Кристијано Роналдо оваа сезона постигна 25 голови и забележа четири асистенции на 30 настапи во сите натпреварувања.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Манчестер Сити пронајде замена за Гундоган: Гвардиола го сака еден од најдобрите фудбалери за врска

Манчестер Сити најде замена за германскиот фудбалерот од средниот ред Илкај Гундоган кој и…