Дома Фудбал Останато Бизарно: Поставија олимписки рекорд, а завршија на петто место

Бизарно: Поставија олимписки рекорд, а завршија на петто место

Холандскиот тим, во состав на Сандра Везбоер, Селма Поутсма, Теун Боер и Џенс ван Вот остави трајно сеќавање со нивната извонредна трка, поставувајќи нов олимписки рекорд од 2:35.537 минути.

И покрај тој успех, златото го освои Италија со време од 2:39.019 минути, додека Холанѓаните останаа петти.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


За оние што се прашуваат како е ова возможно, причина е системот на натпреварување. Холандскиот тим се натпреваруваше во финалето Б, додека Италијанците настапија во финалето А.

Холандија беше принудена да се натпреварува во финалето Б по падот на нивната натпреварувачка Сандра Везбоер во полуфиналето против Кина. Везбоер е светска рекордерка на истата дистанца, а поради падот, Кина се префрли во финалето А, додека Холнаѓаните беа насочени кон финалето за позиционирање од петто до осмо место.

Во финалето Б, Холанѓаните го постигнаа новиот олимписки рекорд, што беше речиси четири секунди побрзо од времето на победниците во финалето А. Сепак, тоа на крајот беше мала утеха за нив.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Антонели прв ќе тргне и во Јапнија, Ферстапен дури 11-ти!

Кими Антонели издоминира во квалификациите за Големата награда на Јапонија, и утре ќе стар…