
Поранешното крило на Јувентус, Даглас Коста, му го препорача клубот на некогашниот соиграч од Баерн (Минхен), Роберт Левандовски, чиј договор со Барселона истекува летово. Бразилецот, исто така, ја коментираше сегашната ситуација на „Старата госпоѓа“ и неговиот период во екипата.
„Скоро ќе се вратам на „Алијанц Стадиум“, но засега го гледам Јувентус само на телевизија. Знам колку е тешко да се игра за таков клуб. Има и тешки моменти кога треба да постои заедништво. Исто така, има и голем притисок. Но, Јувентус секогаш ќе биде Јувентус и сум убеден дека наскоро ќе се вратат во борба за трофеи.
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
Многу ми се допаѓа Лучано Спалети и многупати сум играл против неговите екипи. Сакам тренери кои преземаат ризици и секогаш се обидуваат да бидат проактивни. Тој има стил на игра кој навистина ми се допаѓа. Да, не го негирам тоа што би ми се допаднал тој да ми беше тренер.
Најтешкиот период од мојата кариера беше токму во Јуве. Освојував трофеи и имав некаква радост, но беше исцрпувачки да се справувам со повредите, особено последните неколку месеци. Тогаш повеќе време поминував во болницата отколку на терен, па ми беше тешко. Маурицио Сари беше брилијантен и навистина го ценев. Тој беше опсесивен со поседувањето на топката и имаше офанзивен менталитет. Меѓутоа, и Масимилиано Алегри ми се допаѓаше. Кога бев во добра форма, контранападите на Јувентус беа разорувачки. Ја кршевме одбраната и можевме да нанесеме штета во кој било момент. Во 2023 година бев близу до враќање во Јувентус. Дури и разговарав со Леонардо Бонучи, нудејќи ги своите услуги, надевајќи се дека уште можам да помогнам. Клубот, пак, реши да продолжи понатаму. Сепак, јас останувам обожавател на Јувентус.