
Бившиот бразилски напаѓач Жулио Баптиста (44), реши да влезе во тренерските води, а тренерската кариера за почеток ќе ја гради во Шпанија.
Баптиста веќе го водеше младинскиот состав на Ваљадолид, а сега се усовршува на семинари во Мадрид.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Сепак, Бразилецот даде изјава која одекна во европските медиуми.
Баптиста смета дека тешко ќе најде тренерска работа во Европа поради бојата на неговата кожа, што многумина шокираше.
„Не знам. Но, тоа е фактична состојба. Колку црни тренери гледате во првите пет лиги? Не ги гледам многу. Би сакал да верувам дека е тоа само случајност, но жално не мислам така“, рече Баптиста.
Со оваа изјава отвори многу теми и коментари.
Бразилецот е убеден дека оваа дискриминација постои, и ветува дека ќе се бори против оваа ситуација и одбива да се откаже од успех како тренер.
„Помалку шанси има. Значи, се надевам дека јас ќе бидам тој што ќе го смени овој тренд, никогаш не вели никогаш.“
Жулио Баптиста од 2019 до 2023 година работеше како тренер на младинците на Ваљадолид.
Последните изјави на поранешниот бразилски фудбалер ја подгреаат атмосферата во Шпанија, која во последно време се бори со расизмот на фудбалските терени.
Токму Жулио Баптиста поголем дел од кариерата помина во Шпанија, играјќи за Севиља, Реал Мадрид и Малага.