Дома Останати Тенис Бивш тенисер ја обвини Серена Вилијамс: Користеше лек направен за борбени пилоти

Бивш тенисер ја обвини Серена Вилијамс: Користеше лек направен за борбени пилоти

Поранешниот романски тенисер и сега бизнисмен, Јон Циријак често изнесува критики кон поранешната американска тенисерка Серена Вилијамс.

Овој пат, во интервјуто за медиумите, Циријак изнесе сериозни обвинувања против Вилијамс.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Во контекст на приказната за допинг скандалите во светот на тенисот, тој раскажа како Американката наводно се повикувала на „терапевтски исклучоци“, со цел да може да ги користи забранетите супстанци кои и обезбедувале предност на теренот.

„Постојат лекови, ако ми дозволите да го споменам името, за кое мојот син беше многу информиран. Изгледа дека Серена добила 20 години исклучоци од црната листа. Не можам ниту сакам да обвивам. Само и било потребно нејзиниот семеен лекар да напише дека и е потребен Риталин. Тој лек го користат луѓе кои имаат проблеми со нарушување на вниманието. Риталин е направен за борбени пилоти“, рече Циријак.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Синер денеска игра за трофејот што го нема и првото место на АТП листата на седум денa

Во финалето на АТП мастерс од серијата 1.000 денес од 15 часот играат вториот тенисер во с…