Дома Фудбал Бивш фудбалер на Црвена Звезда прегази жена – ќе биде тестиран на алкохол и дрога

Бивш фудбалер на Црвена Звезда прегази жена – ќе биде тестиран на алкохол и дрога

Поранешниот фудбалер на Црвена Ѕвезда, сега на Њујорк, Јован Мијатовиќ учествуваше во тешка сообраќајна несреќа во Батајница синоќа, кога околу 20:10 часот во улицата Мајор Зоран Радосављевиќ удри во жена на возраст од 38 години која ја преминуваше улицата надвор од пешачкиот премин.

Во моментот на несреќата, Мијатовиќ управувал со возило марка „Фолксваген“, а жената на која што Јован ја удрил со автомобилот, доживеала тешки повреди и била транспортирана во Ургентен центар каде се борат за нејзиниот живот.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Тој останал на местото на несреќата за да ја почека полицијата и брзата помош, а цело време се распрашувал за состојбата на повредената личност.

Поради сето ова, Обвинителството излезе со соопштение дека тој ќе биде тестиран на дрога и алкохол.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Позитивни вести за Милан пред дербито со Интер

Денешните прегледи на играчите на Милан Давиде Бартезаги и Сантиаго Хименес дадоа охрабрув…