Дома Останати Тенис Бивш бразилски тенисер ги спушти на земја Алкараз и Синер: Рано е за споредба со „големата тројка“

Бивш бразилски тенисер ги спушти на земја Алкараз и Синер: Рано е за споредба со „големата тројка“

Поранешниот најдобар тенисер во светот Густаво Куертен ги пофали Јаник Синер и Карлос Алкарас, но истакна дека е рано да се споредуваат со „големата тројка“.

Синер и Алкараз се предводници на новата генерација тенисери и нема сомнение дека во годините пред нас ќе водат најголеми битки на турнејата.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


„Секогаш е тешко да се прават споредби меѓу генерации, но тенисот денес е на импресивно ниво. Синер и Алкараз покажаа тенис од највисок квалитет, со комбинација од сила, брзина и техника која навистина е извонредна. Навистина, во секој случај, тие ја подигаат играта на нови височини”, рече Куертен и додаде:

„Важно е да се запомни дека Федерер, Надал и Ѓоковиќ доминираа во спортот речиси две децении, нешто без преседан. Не само што освоија неверојатен број титули, туку и постојано го подигаа нивото на игра и со тек на време ја прилагодуваа“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Првиот ден на Ролан Гарос ќе помине во чест на Рафаел Надал (Фото)

Раководството на Ролан Гарос соопшти дека ќе оддаде посебна чест на живата легенда на овој…