Дома Останати Кошарка Битката за Лос Анџелес отиде во корист на Лејкерс. Доминација на Дончиќ

Битката за Лос Анџелес отиде во корист на Лејкерс. Доминација на Дончиќ

Два дена по победата над ЛА Клиперс од 106:102, ЛА Лејкерс ја добија новата битка за Лос Анџелес против Клиперс, овојпат со 108:102.

Првата личност на победничката екипа беше Лука Дончиќ, кој одлично го отвори натпреварот, потоа ги загрижи навивачите со заминување во соблекувалната, но се врати и заврши како најдобар стрелец на Лејкерс со 29 поени. Додаде уште шест скока и девет асистенции.


Се решава титулата во Серија А! Интер или Наполи!? ↓↓↓


Дончиќ одигра одлична прва четвртина, постигнувајќи во неа 12 поени, од кои и две тројки преку Ивица Зубац. Меѓу нив асистираше на Леброн Џејмс преку целиот терен. Потоа, поради повреда на ногата замина во соблекувалната, но се врати на полувремето од втората четвртина и ја одведе екипата до победа.

Во натпревар во кој Клиперс во ниту еден момент не беа во предност, успеаја да ја закомплицираат работата за Лејкерс во завршницата. Од -21 кон крајот на третата четвртина стигнаа до -5 во средината на последната, но не успеаја да направат повеќе од тоа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Урнебесно: Дончиќ постигна кош од половина терен, а тренерите во Лејкерс добија казна

Кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерс забележаа втора последователна победа против Лос Анџеле…