Дома Фудбал Билетите за баражот на Македонија со Данска пуштени во продажба!

Билетите за баражот на Македонија со Данска пуштени во продажба!

Македонската А репрезентација на 26. март на стадионот „Паркен“ во Копенхаген против Данска ќе го одигра плеј-оф натпреварот за пласман на Светското Првенство 2026.

Фудбалската федерација на Данска, за нашите навивачи ги обезбеди следните места и ги одреди цените на влезниците:

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Гостински навивачи: Блок D1 – до 1.750 седишта Цена: 3.650 денари

Гостински навивачи со попреченост: Блок D1 – 6 позиции за корисници на инвалидски колички Цена: 3.650 денари

Навивачите и сите поддржувачи на нашиот национален тим можат да купуваат билети директно преку нашата веб – платформа, (https://eticket.ffm.mk/).

По извршување на купувањето, секој навивач најпрво ќе добие е-пошта со потврда за трансакцијата. Врз основа на таа потврда, ќе биде издаден официјалниот билет и испратен на е-поштата наведена при купувањето.

Билетите се доставуваат електронски, преку е-пошта, и ќе пристигнат 14 дена пред одигрувањето на натпреварот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Роналдо го запре трансферот на Канте

Францускиот играч за врска Нголо Канте нема да стане новото засилување на Фенербахче. Иако…