Дома Останати Тенис „Билд“ го нападна Синер: Триумф со вкус на допинг!

„Билд“ го нападна Синер: Триумф со вкус на допинг!

Додека речиси целиот свет му испраќа комплименти на Јаник Синер по одбраната на титулата на Австралијан Опен, „Билд“, најтиражниот германски весник, сурово се нафрли на Италијанецот.

Ден пред финалето, „Билд“ напиша дека Александер Зверев веќе ќе беше прв на светот, да не беше фарсата од постапката кон Синер кога беше позитивен на два допинг теста во Индијан Велс минатиот март, а неговиот успех го опиша со текст со наслов „Триумф со вкус на допинг“.

Воздухот што нè убива: Зошто Скопје е меѓу најзагадените градови?


„Да не беше целата работа премолчена, Зверев одамна ќе станеше број 1. Или, да не беше Синер во финалето, Зверев можеби ќе ја освоеше својата прва грен слем титула. Бидејќи не треба да се заборави дека решавањето на жалбата од ВАДА првично требаше да биде крајот на декември, но неколкупати беше поместено и на крајот беше избран средината на април“, пишува германскиот медиум.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ова се двајцата потенцијални нови тренери на Алкараз: Едниот играл 21 пат против Ѓоковиќ, другиот бил прв во светот

По објавата дека Хуан Карлос Фереро веќе не е тренер на Карлос Алкараз, многу тениски експ…