Дома Фудбал Без изненадувања: Реал и Ал Хилал продолжуваат понатаму

Без изненадувања: Реал и Ал Хилал продолжуваат понатаму

Заврши групната фаза на Светското првенство за клубови, а последните две билети за нокаут рундата ги обезбедија Реал Мадрид и Ал Хилал, кои во одлучувачките дуели остварија убедливи победи.

Реал Мадрид без многу потешкотии го совлада Салцбург со резултат 3:0, со што ја потврдија својата позиција меѓу најдобрите 16.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Натпреварот го одбележа доминантниот настап на шпанскиот тим во првото полувреме, крунисан со головите на Винисиус Жуниор во 40. минута по асистенција на Џуд Белингем, и на Федерико Валверде во третата минута од судиското продолжение.

Иако Салцбург се обиде да го зголеми темпото и да се врати во мечот, сè беше решено во 84. минута кога Гонзало Гарсија го постигна третиот гол и ја осигура победата на “Кралскиот клуб”.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Легендата на Тотенхем прашан дали би го преземал клубот. Еве како реагираше.

Легендата на Тотенхем, Роби Кин, критички одговори и потоа нервозно го прекина интервјуто …