Дома Фудбал „Бевме шокирани, Донарума сакаше да остане во ПСЖ и за помалку пари“

„Бевме шокирани, Донарума сакаше да остане во ПСЖ и за помалку пари“

Џиџо Донарума беше еден од клучните играчи за Париз Сен Жермен во освојувањето на Лигата на шампионите минатата сезона. Но, повеќе нема да го гледаме во нивниот дрес.

Двете страни не успеаја да постигнат согласност за нов договор, иако постоечкиот на Донарума трае до 30 јуни 2026 година. Што точно се случило, ќе покаже времето.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Од страна на Донарума, вината ја носи раководството на ПСЖ, што тој лично го истакна во писмо до навивачите. Сега неговиот агент Енцо Рајола повторно ја искритикува управата на Париз Сен Жермен, обвинувајќи ги за недостаток на почит кон еден од најдобрите голмани во светот.

“Уште сме во шок од однесувањето на Париз Сен Жермен. Покажаа нула почит кон Донарума, по четири години во кои беше нивен важен чувар на голот. Во тек сме со разгледување на ситуацијата со нашиот правен тим,” изјави Рајола за “Скај спортс”.

Рајола истакна дека Донарума бил подготвен да остане и со пониска плата.

“Џиџо беше дури и спремен да прифати намалена плата, но потоа ПСЖ ги смени условите за потпишување на новиот договор,” додаде агентот на Донарума.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Eлмас може да заврши во Премиер лигата!

Елиф Елмас би можел во самиот финиш на летниот преоден рок да го промени клубот. Македонск…