Дома Фудбал Беше ѕвезда на фудбалските терени, сега не знае дали некогаш ќе може да оди нормално

Беше ѕвезда на фудбалските терени, сега не знае дали некогаш ќе може да оди нормално

Некогаш славен како еден од најветувачки младинци на Барселона, Жерард Деулофеу денес води најтешка битка во својот живот – и тоа не на зелениот терен, туку надвор од него. Шпанецот, кој во текот на својата кариера ги носеше дресовите на Милан, Евертон, Вотфорд и Удинезе, веќе речиси три години се обидува да ја надмине повредата на коленото, која може да го претвори во траен инвалид.

Неговата судбина радикално се смени во јануари 2023 година. Во дуелот со Наполи доживеа повреда на коленото, по што следеше операција. Оттогаш – ниту минута на теренот. Наместо дрес и стадион, Деулофеу го следат болнички соби, терапии и бескрајна борба со сопственото тело.

ТОП 11 МАКЕДОНСКИ ЈАВНИ ЛИЧНОСТИ - *Football Edition*


Договорот со Удинезе, кој важеше до 2026 година, беше раскинат на почетокот на оваа година. Сепак, Шпанецот истакнува дека клубот му пружил неверојатна човечка поддршка:
„Се борам веќе две и пол години. Имав среќа што мојот тим, претседателот и сите во Удинезе беа покрај мене во најтешките моменти.“

„Се борам со биологијата“

Денес, на 31 година, Деулофеу е брутално искрен:
„Тоа повеќе не е повреда. Тоа е инвалидитет што ми се заканува. Како да носам протеза на коленото. Коската удира од коска, не можам да направам обичен чекор. Се борам против биологијата, но и против својот ум.“

Колку пати размислувал за крајот на кариерата – и самиот не знае. Сепак, одбива потполно да се откаже.
„Замислувам да се вратам и да влезам во историјата како играч кој најдолго бил отсутен, а сепак повторно успеал да заигра. Се молам за чудо. Сакам да го направам тоа заради семејството и децата – тие растеа верувајќи дека сум фудбалер, сакам да ме видат и сега, кога се постари.“

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Вдовицата на Жота доби огромна сума од Ливерпул: Слот вели дека тоа „не е нормално“

Ливерпул му оддаде почит на починатиот Диого Жота со исплата на преостанатата вредност од …