Дома Фудбал Беше ли Реал Мадрид оштетен за пенал? Анчелоти нема дилеми! 🎥

Беше ли Реал Мадрид оштетен за пенал? Анчелоти нема дилеми! 🎥

Фудбалерите на Реал Мадрид и Рајо Ваљекано во еден возбудлив натпревар ремизираа 3:3 во Ла Лига, а „кралевите“ така пропуштија прилика барем привремено да застана на врвот во Ла Лига.

По натпреварот најмногу се зборува за судењето. Во Реал не се задоволни од арбитражата на Хуан Мартинез Мунуер, па дури и на официјалната страна објавија дека се оштетени.

Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓


Најмногу внимание привлече ситуацијата од 76. минута кога во казнетиот простор на домаќините беше срушен Винисиус.

Мумин очигледно го удри Винисиус, но во близина беше и Белингем кој судејќи по снимката исто така го удри соиграчот, па можеби тоа беше и причната судијата да не досуди пенал.

„Беше тоа очигледен пенал над Винисиус, оштетени сме“, изјави Анчелоти по натпреварот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Англичаните им ги одземаат пасоши на хулиганите

Околу 150 навивачи на Челси и Манчестер сити на кои им е забрането влегувањето на стадион …