Го “прогонуваше” Жозе Мурињо кога со хет-трик го сруши Тотенхем и го одведе Динамо од Загреб во четвртфиналето на Лигата на Европа, со својот гол ѝ донесе бронза на Хрватска на Светското првенство во Катар, а сега Мислав Оршиќ кариерата ќе ја продолжи на сосема неочекувано место.
Брзиот офанзивец кој блескаше во Динамо, наскоро би требало да стане нов фудбалер на кипарскиот Пафос.
Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст
Оршиќ од “Максимир” на почетокот на 2023 година замина во англискиот Саутемптон и оттогаш кариерата на 32-годишникот е во голем пад.
Не успеа да се избори за статус меѓу редовите на “светците”, беше на позајмица во турскиот Трабзон, а од почетокот на оваа година е слободен.
Неверојатно звучи податокот дека Оршиќ својот последен гол го постигна уште на натпреварот за бронза на Светското првенство 2022 година во Катар, а наскоро на Кипар ќе има можност да го прекине тој кошмарен период.
Пафос е моментално лидер во домашното првенство со два бода повеќе од Арис од Лимасол.