Дома Фудбал Беше еден од најголемите промашувања на сите времиња – сега е најголем хит во 2025

Беше еден од најголемите промашувања на сите времиња – сега е најголем хит во 2025

Трансферот на Усман Дембеле од Борусија Дортмунд во Барселона се смета за едно од најголемите промашувања во историјата на фудбалот.

Во 2017 година, Каталонците платија огромни 135 милиони евра за тогаш 20-годишниот француски крилен напаѓач, што е трет најголем трансфер на сите времиња.


Топ 10 трансфери оваа зима! Кој потроши најмногу!? ↓↓↓


Иако имаше навидум добра статистика во Барселона од 40 гола и 43 асистенции на 185 натпревари, тој не успеа да најде константност и да стане еден од главните столбови на тимот, што се очекуваше од него.

За време на неговите шест сезони во Барса, тој имаше многу проблеми со повредите и одржувањето на физичката подготвеност. Затоа Барселона го продаде на Пари Сен Жермен за 50 милиони евра летото 2023 година, а и неговата прва сезона таму беше разочарувачка. На 42 одиграни натпревари постигна само шест гола.

Но Дембеле игра прекрасно оваа сезона, а особено оваа календарска година. Во петокот, тој постигна два гола против Монако во победата од 4-1 во 21-то коло од Лига 1, што е веќе негов 13-ти гол во седум одиграни натпревари во 2025 година.

Дембеле постигна гол во тие седум, а минатата недела имаше и два хет-трика – против Брест во првенството и Штутгарт во Лигата на шампионите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Лејтон Ориент му даде гол на Манчестер сити од половина терен! (Видео)

Екипата на Манчестер сити во натпреварот против Лејтон Ориент од ФА Куп прими еден нескојд…