
Манчестер Сити синоќа испадна од Лигата на шампионите по поразот во двобојот со Реал Мадрид, а многумина сметаат дека тоа е јасен сигнал дека англискиот тим “созреал” за промени во играчкиот кадар и дека некои играчи веќе го дале своето за тој клуб.
Манчестер Сити претходните години без сомнение беше еден од најдобрите тимови во светот, но оваа сезона тимот на Пеп Гвардиола доживеа неверојатен пад и дури може да ја завршат сезоната без трофеј во некое важно натпреварување.
На ред е големото дерби, Манчестер Сити - Ливерпул! ↓↓↓
Граѓаните успеаа да се пробијат во Лигата на шампионите некако до плејофот, но понатаму не можеа, бидејќи Реал Мадрид ги исфрли од натпреварувањето откако беше подобар во двата натпревари со вкупно 6:3.
Многумина веќе сметаат дека е време за реконструкција во играчкиот кадар на Манчестер Сити и смена на генерациите, бидејќи играчите што беа основа на овој тим веќе години очигледно го дале своето.
Јасно е дека екипата на Сити повеќе не делува ни близу толку моќно и доминантно како претходните сезони, а англиските медиуми веќе шпекулираат за играчите кои сигурно го напуштаат клубот на крајот од сезоната.
Прв на таа листа е Кевин де Брујн чиј договор истекува на крајот од сезоната и речиси е сигурно дека тој на Етихад нема да остане ова лето, и дека ќе го промени клубот.
Но, синоќа се појави информација дека куфери најверојатно ќе спакува и Бернардо Силва, кој оваа сезона играл на речиси секоја позиција на теренот, само уште не бил голман, но јасно е дека не е во форма како некогаш.
Англиските медиуми пишуваат дека и португалскиот играч од средината “пресекол” и сфатил дека е време за нов предизвик во кариерата, а на масата веќе има неколку понуди.
🚨 Клубови во Португалија, Саудиска Арабија и Шпанија изразиле интерес за потпишување на Бернардо Силва за следната сезона.
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) 20 февруари, 2025
(Извор: Football Insider) pic.twitter.com/DmsbO7eCV8
Интерес за Силва покажале поединечни клубови од Шпанија, Португалија и Саудиска Арабија, и на Етихад се свесни дека тој веројатно на лето ќе го напушти клубот.