
Карим Бензема остави неизбришлива трага во мадридскиот Реал. За неговите извонредни настапи беше награден со Златната топка и имаше значително влијание врз клубот.
Преди три години Бензема замина од Реал и се пресели во Ал Итихад. Сепак, тој сè уште ги следи случувањата во Реал.
Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст
Ембапе е многу подобар сега отколку минатата година, иако постигнувањето голови не му е ново. Успеа во ПСЖ, а и во Реал Мадрид ќе постигне уште многу голови. Ќе има натпревари кај што Ембапе нема да ја допре топката, но она што очекуваме од Килијан е да ги искористи шансите кога ќе му се укажат.
Таков е Реал. На Мадрид многу му е потребен Килијан, а има натпревари кога мора да постигнува голови, како против Атлетико Мадрид, Ливерпул… Тоа се тимови кои се повлекуваат, а напаѓачите мора да се активираат и решаваат вакви ситуации. Потребно е да се комбинира со Винисиус. Реал Мадрид го чека Ембапе за овие моменти, да ја донесе Лигата на шампионите во Мадрид – Карим Бензема