Дома Фудбал Бенфика славеше против Баерн – со првото место се пласира во следната рунда на Светското клупско првенство

Бенфика славеше против Баерн – со првото место се пласира во следната рунда на Светското клупско првенство

Во натпреварот на вечерта на Светското клупско првенство што се одржува во САД, Бенфика излезе како победник против европскиот гигант Баерн Минхен со минимални 1-0, резултат што им обезбеди прво место во групата и директен пласман во следната рунда.

Португалците, кои веќе во осминафиналната фаза се наметнаа како лидери, ќе се соочат со второпласираниот тим од Групата Д. Баерн, кој се најде на втората позиција во четвртфиналето ќе ги одмери силите со бразилскиот шампион Фламенго, кој доминираше во својата група.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Единствениот на натпреварот го постигна норвешкиот талент Александер Шјелдеруп во првото полувреме, додека голот на Баерн во вториот дел беше поништен по ВАР-интервенција.

Во натпреварот за престиж, дуелот меѓу Бока јуниорс и Оукленд сити беше прекинат поради невреме во Нешвил, при резултат 1-1.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ешли Кол доби работа во Италија

Поранешниот англиски лев бек Ешли Кол е нов главен тренер на Чезена, која учествува во Сер…