Дома Фудбал Белград не е најбезбеден за гостинскте навивачи: Еве што им порачааа од Селтик на своите фанови

Белград не е најбезбеден за гостинскте навивачи: Еве што им порачааа од Селтик на своите фанови

Шкотскиот клуб излезе со насоки до своите навивачи за тоа како да се однесуваат во Белград пред, за време и по натпреварот против Црвена звезда.

Во центарот на Белград, во вторник вечерта, се случиле големи инциденти, при што на некои места биле нападнати навивачи на Селтик.

ТОП 11 МАКЕДОНСКИ ЈАВНИ ЛИЧНОСТИ - *Football Edition*


Навивачите на Селтик добија совет да не носат обележја на клубот во Белград пред средбата од Лига Европа против Црвена звезда.

Во информацијата објавена од клубот се истакнува дека гостинските навивачи мора да влезат на стадионот пред домашните обожаватели, а по завршувањето на натпреварот е предвидено и нивно задржување.

Стадионот „Рајко Митиќ“ ќе биде отворен во 18 часот, што е три часа пред почетокот на натпреварот, а се препорачува навивачите на Селтик да влезат што порано.

Исто така, им се препорачува на навивачите да го користат автобускиот превоз кој го организира клубот. Вкупно 15 автобуси ќе тргнуваат од Студентскиот плоштад во Белгррад меѓу 17 и 18 часот за да ги пренесат навивачите на Селтик до стадионот.

Додека се уште се наоѓаат во градот пред натпреварот, на навивачите им се советува особено да избегнуваат носење на обележја на Селтик. Во соопштението стои:

„Им се препорачува на навивачите да не носат клупски бои додека се во градот.“

По натпреварот, навивачите на Селтик ќе бидат задржани на стадионот барем 45 минути, а потоа ќе бидат вратени во градот.

„Ќе има задржување на навивачите на Селтик по завршувањето на натпреварот, најмалку 45 минути, а може и подолго“, се наведува во соопштението на клубот.

„Полицијата ќе ги потврди деталите на денот на натпреварот. Кога задржувањето ќе заврши, организираните автобуси ќе ги превезат навивачите назад до местото на собирање (Студентски плоштад) во центарот на градот.“

Во врска со превозот, насоките на клубот гласат:

„Местото на собирање на навивачите на Селтик во Белград на денот на натпреварот е Студентскиот плоштад.. Клубот организира автобуси кои ќе ги превезат навивачите до стадионот и назад. Првичните информации беа дека ќе има шатл превоз, но сега е потврдено дека тоа веќе не е опција, бидејќи сите навивачи на Селтик мора да влезат на стадионот пред домашните обожаватели. Времето на поаѓање ќе биде потврдено штом го добиеме, а се очекува да биде меѓу 17 и 18 часот, за да гостинските навивачи бидат на стадионот пред домашните.“

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Исак е платен 150 милиони евра, а вчера направи нешто што никогаш претходно не го напраавил! (Видео)

Александар Исак беше приморан да направи нешто што никогаш претходно не му се случило, по …