
Германската тениска легенда Борис Бекер (57) смета дека Александер Зверев (28) направи грешка кога по шокантниот пораз во првото коло на Вимблдон одлучи јавно да зборува за своите проблеми со менталното здравје. Зверев, кој долго време се сметаше за идниот Гренд Слем шампион, беше поразен веднаш на почетокот на турнирот, по што призна со какви потешкотии се соочува надвор од теренот.
Иако стигна до финалето на секој голем турнир освен на Вимблдон, третиот тенисер на светот сè уште не ги исполни огромните очекувања. Неговите соништа за освојување на првиот Гренд Слем на трева во Ол Ингланд Клубот беа срушени веќе во првото коло ова лето, каде што беше совладан од Артур Риндеркнеч.
Дејан Димовски: Скопје троши 700 литри вода дневно по жител | Уште еден поткаст ↓↓↓
„Александер Зверев ми е како посвоен син во спортскиот свет, чувствувам многу емпатија кон него,” изјави 57-годишниот Бекер. “Да му бев тренер, ќе му советував да не открива информации за неговото ментално здравје на прес-конференцијата на Вимблдон. Не е најдобро да се отвораш кон светот кога си елиминиран во првото коло на Гренд Слем,” додаде Германецот.
Фото: Принтскрин