Дома Фудбал Бекам со понуда до Де Брујне која не се одбива

Бекам со понуда до Де Брујне која не се одбива

Кевин де Брујне ова лето ќе биде слободен играч и веќе има право да преговара со други клубови, а сега се појави голема вест за неговата иднина.

Кевин де Брујне уште во 2015 година стана играч на Манчестер Сити и во овие десет години стекна статус на легенда на клубот.

Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓


Освои сè што може да се освои со „Граѓаните“ и секогаш беше една од клучните фигури во нивните успеси.

Сепак, пред неколку дена Белгиецот го потврди она што се нагаѓаше веќе некое време – дека го напушта тимот на актуелниот шампион на Англија.

Веднаш почнаа шпекулациите кој ќе биде следниот потег и дестинација во кариерата на овој легендарен играч од средината на теренот, а сега се појави најновата вест за неговата иднина.

Според англиските медиуми, поточно „Мирор“ – Дејвид Бекам и раководството на Интер Мајами се подготвени да му понудат договор на Де Брујне.

Според сè изгледа, тоа би бил многу примамлив договор „што не може да се одбие“, односно договор со многу цифри на хартија.

Фото: Manchester City/FB

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Се запали хотелот на Роналдо во Мароко (видео)

Според светските медиуми, хотелот „Пестана CR7“ на Кристијано Роналдо во Мароко се запали …